Појавата на мувла е честа појава, посебно во зимските услови поради зголемената влажност на воздухот, намалено проветрување и секако пониски температури.
Мувлата е многу повеке од само естетски проблем – појавата на мувла штетно влијание врз здравјето на луѓето, а особено кај децата. Токму поради тоа се препорачува трајно отстранувањее на истата во 3 едноставни чекори со само 3 производи кои може да ги најдете во Хромак или кај нашите партнери.
- Површината со мувла се обработува со абразив – шмиргла (гранулација 180) – со триење, механички се отстранува од ѕидот. Потоа пребришете го ѕидот за да не остане прав од триењето.
- По отстранувањето на мувлата се нанесува специјално средство против мувла – MAXICID – Пред употреба се препорачува добро да се протресе шишенцето. Нанесувањето на MAXICID се врши со валјак или четка директно на површините зафатена со мувла. Потребно време на делувење на MAXICID е 24 часа.
- По првите два чекора се нанесува специјална боја отпорна на мувла – MAXIDIS F – боја за внатрешни ѕидови отпорна на габи и мувла која може да биде во основна бела боја или да биде тонирана во нијанса по ваша желба.
Совет: За време на процесот на отстранување на мувлата се препорачува проветрување на просторијата во која се работи.