КОРИСНИ СОВЕТИ

ХРОМАК советува: направете го вистинскиот избор, изберете MAXIPOL и направете разлика!

Бојадисувањето на ѕидовите во домот претставува не толку омилена активност кај повеќето семејства. Гужва, мајстори, неред и пореметување на секојдневното функционирање на кое сме навикнати. Сепак новите тонови во домот внесуваат нова енергија и расположение во семејството и често се случува токму по завршување на едно такво реновирање да се добие впечаток за домот како потполно ново место за живеење.

При изборот на боја за внатрешни ѕидови, потребно е да се внимава на неколку карактеристики кои на прв поглед можеби и не сте ги забележувале до сега:

  1.  Пареопропусност на бојата – квалитетните бои за внатрешни ѕидови се одликуваат со исклучително висока пареопрупусност – односно овозможуваат на ѕидовите ,,да дишат’’ со што се добива здрав животен простор.
  2. Висока покривност и белина – високата белина овозможува тонирање на бојата во чисти нијанси кои што на просторот околу вас ќе му дадат ,,живи бои’’ а покривноста на бојата ќе им овозможи на мајсторите брзо и лесно да ја завршат својата работа.
  3. Бојата да е еколошка – со исклучително ниска содржина на лесно испарливи материи – а со самото тоа и вистински избор за секој дом.

Производ кој ги исполнува сите овие и многу други позитивни карактеристики е МАКСИПОЛ – боја за внатрешни зидови – производ препознаен и препорачан од многу мајстори и крајни потрошувачи!