КОРИСНИ СОВЕТИ

Како да одберете соодветно лепило за плочки?

Во разговори со трговците на лепила за плочки или со самите мајстори веројатно сте слушнале за различни термини кои ви се нејасни.

Во зависност од димензијата, типот и местото каде се лепат плочките, постојат различни класи на соодветни лепила. Ова е краток водич и објаснување на одредени поими кои ќе ви помогнат да направите правилен избор при следниот избор на лепила за плочки:

Доколку планирате лепење на подни или ѕидни плочки, со димензија до 40×40 cm тогаш препорачана класа на лепило е C1T. Оваа ознака се користи за лепила кои се составени од нормално цементно лепило класа C1, со додаток на специјални адитиви со кои се добива способност против лизгање на плочките при нивно лепење (T – Adhesive with reduced slip). Овој тип на лепила може да се користат за внатрешни и надворешни површини.

Со менување на трендовите и форматите на самите плочки во керамичката индустрија се менуваат и потребите од соодветни лепила. Веројатно најпродавана класа на лепило е Оваа ознака се користи за лепила составени од подобрен тип на цемент класа (C2), со додаток на специјални адитиви и полимери со кои се добиваат уште две карактеристики – Т (Adhesive with reduced slip) – способност против лизгање на плочките при нивно лепење и Е (extended open time) – продолжено време за работа, што е посебно важно при лепење на плочки од поголем формат – 60×60 cm, 60×90 cm …

Овој тип на лепило се користи при  лепење на плочки врз хидроизолација, при лепење плочка на плочка, балкони, подно греење..

  • Наша препорака за лепило од овој тип е MAXIMA – KERAMOL Flex кој е постојан на температура од -20 до +70 и е погоден за голем дел предизвици при лепење на проблематични површини.

Имајќи на ум дека просечна квадратура на една бања е околу 7-8 м2, а лепењето плочки е нешто што доколку е изведено правилно и со квалитетни материјали трае 20 и повеќе години – изборот секогаш треба да падне нa реномирани произведувачи кои се гарант за квалитетно завршена работа.

MAXIMA е секако една од нив.