КОРИСНИ СОВЕТИ

Како може бојата на ѕидовите да трае подолго?

Планирате молерисување во вашиот дом, но нередот и подготовните пред молерисување Ви е здодевна работа? Поместување на мебелот, покривање на вредните работи, чистење…

Еден од начините за максимално одложување на следното боење на ѕидовите е користење на водоперлива латекс боја за ѕидови која ќе трае много подолго од стандардните бои за внатрешни ѕидови.

Максима Максилатекс е еколошка боја за внатрешни ѕидови со највисок квалитет, 1-ва класа на перливост што значи дека површините обоени со оваа боја се исклучително перливи и може слободно да се чистат со мокра крпа, сунѓер како и средства за дезинфекција.

Постојат 2 различни видови на сјајност на бојата, мат и полумат. Се прашувате каде се може да најдете примена на латекс бојата во вашиот дом? Не постојат одредени ограничувања и препораки, најчесто бојата се користи за кујни, ходници, купатила, канцеларии и други простории кои што се изложени на често валкање на ѕидовите како и поголема фрекфенција на луѓе.

На пример: Кога ќе дојде до валкање на ѕидовите обоени со латекс боја во вашата кујна – доволен е влажен сунѓер за чистење на ѕидот и проблемот ќе се реши за неколку секунди. Бојата е апсолутно издржлива на мокро бришење. Секое такво валкање повеќе нема да значи потреба од молерисување на ѕидот.

Со нанесување на латекс боја на ѕидовите, штедите пари и време – бидејќи следното бојадисување на ѕидовите во вашиот дом го одложувате за неколку години.