MAXIDIS® Водоперлива боја за внатрешни ѕидови

МAXIDIS е квалитетна водоперлива внатрешна дисперзна боја, на акрилна база. Се одликува со добра адхезија, одлична покривна моќ, изразена белина, паропропусност и отпорност на мокро бришење. Наменет е за заштита и декорација на внатрешни ѕидни површини од: продолжен малтер, азбест-цемент, иверка. МAXIDIS-от може да се нијансира со МAXI Color, пигментите за нијансирање, како и на МAXIМIX системот.

0.65 l, З l, 5 l, 15 l
Потрошувачка: 125-185 ml/m² во два слоја, во зависност од рапавоста и впивливоста на површината.

SHARE