BETAKRIL® Акрилна боја за бетон

BETAKRIL е квалитетна, акрилна боја за бетон. Има добра адхезија со подлогата, одлична водоодбивност, покривност, постојаност на атмосферските влијанија и УВ зрачење, добра паропропусност и алкална отпорност. Се употребува за заштита и декорација на вертикални надворешни и внатрешни бетонски површини, како и бетонски кровни ќерамиди. Не поднесува високи механички оптеретувања и е делумно отпорен на делување на разредени киселини, бази и други хемикалии. Се произведува во 9 основни бои и како база за нијансирање на МAXIМIX системот.

0.65 l, З l, 5 l, 15 l
Потрошувачка: 185-250 ml/m² во два слоја, во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата.

SHARE