AQUAMAX – акрилен лак за камен

AQUAMAX е транспарентен акрилен лак за камен на водена база. Оплеменет е со специјални UV абсорбери и стабилизатори за долготрајна заштита. Наменет е за заштита и декорација на надворешни површини од природен и вештачки камен, фасадна цигла и керамида. Нема непријатен мирис и брзо се суши. Ја интензивира бојата на каменот и му дава сјај, а воедно го штити од влага и валкање.

Пакување: 0,65 L, 3 L, 10 L.

Категории ,
SHARE