Zorka Color Decolux кит за дрво на водена база

Еколошка паста маса наменета за израмнување на нерамнини на дрво и пукнатини на минерални подлоги, гипс картон и слични материјали.

Карактеристики: Лесно нанесување, брзо сушење и лесно брусење.

Употреба: Се користи за израмнување на помали нерамнини на дрвени површини, но и за израмнување на пукнатини на ѕидови, малтер и слични материјали. Се нанесува со шпатула од нерѓосувачки челик. Максимална дебелина од 2-3 mm во еден слој. Не се разредува. Сува на допир за 40 минути; понатамошна обработка (брусење) е можно по 2-3 часа. Веднаш по употребата, измијте ја алатката со вода.

Нијанси: Бела 1503

Потрошувачка: 1 m2/kg за слој со дебелина од 1 mm

Пакување: 0,8 kg

SHARE