TEКAFIX PU Universal

За професионално прицврстување и лепење на разни дрвени делови, лепење на агли на прозорци и врати, лепење на подни лајсни и ламинати како и за прицврстување на разни знаци и табли. Одлична адхезија на дрво, метал, керамика итн. За спој дрво-дрво одговара на стандардот EN 204 D4. Многу силна и цврста адхезија. Отпорен е на вода, хемикалии, атмосферски влијанија како и стареење. Не содржи растворувачи. По стврднувањето може да се бои и бруси.

Формирање на кора: ≈ 8 минути (23°C/50% рел. влажност)
Време на стврднување: 2 mm/ден (23°C/50% рел. влажност)
Температура на нанесување: oд +5°C дo +35°C
Температурна постојаност: oд -40°C дo + 110°C

Картуша: 300 ml

SHARE