ROLOAKRIL® Акрилен декоративен малтер со додаток на силикон

ROLOAKRIL е квалитетен декоративен малтер на база на акрилат со додаток на силикон што обезбедува одлична водоотпорност и ја унапредува отпорноста на валкање. Се карактеризира со голема цврстина, добро се прилепува на површината и има добра паропропустливост. Постојан е на дејствување на атмосферски влијанија и на УВ-зрачења. Наменет е за заштита и за декорација на надворешни и на внатрешни минерални ѕидни површини. Претставува завршен слој при изработка на термоизолациски фасади. Се произведува во бела боја, а може да се тонира и на системот MAXIMIX, во нијанси означени со F.

25 kg
Потрошувачка: Загладен ≈ 2.6 kg/m², ≈ 3.3 kg/m² Зарибан ≈ 2.4 kg/m², ≈ 2.7 kg/m²

SHARE