MAXIMAL® Špric цементен шприц

MAXIMAL Špric е врзивно средство, врзивен мост наменет за машинско и рачно нанесување. Се користи кај сите подлоги кои се малтерисуваат. Неговата употреба посебно се препорачува кај силно впивачки, мазни и критични подлоги (подлоги од бетон, цигла, гасбетонски елементи, мешовити ѕидови, природни камења). Со употребата на MAXIMAL Špric се постигнува добра адхезија на малтерот, се изедначува впивливоста на подлогата, и се добива рапава површина.

Работна температура: Оптималната работна температура е од +5°C до +25°C, при што воздухот и површината на која се нанесува малтерот мора да бидат во овој температурен опсег.

Потрошувачка: ≈3 kg/m².

SHARE