MAXIKRIL® Hidrosol Акрилен прајмер

MAXIKRIL Hidrosol е специјален акрилен длабински премаз наменет за импрегнација на мазни минерални и бетонски, надворешни и внатрешни површини, како и гипс картонски плочи. Посебно се советува кај помалку цврстите површини, пред нанесувањето на бои и декоративните малтери. Длабоко пенетрира во подлогата, ја изедначува, зацврстува, и ја зголемува отпорноста на вода, ја подобрува адхезијата на завршните материјали и ја намалува нивната потрошувачка. MAXIKRIL Hidrosol-от не се користи доколку кај завршните работи се вградуваат материјали на силикатна или силиконска основа.

1 l, 5 l, 18 l
Потрошувачка: Од 30-40 ml/m², во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата.

SHARE