MAXIDECOR® Antica Ефектна внатрешна боја

МAXIDECOR Antica е полутранспарентна ефектна боја, изработена на база на водена дисперзија на акрилно врзиво, полнило, специјални адитиви и пигменти, оплеменета со посебни акрилни перли. МAXIDECOR Antica е водоперлив премаз, со добра паропропусност, нештетен за луѓето и околината, едноставен за нанесување. Наменет е за заштита и декорација на внатрешните ѕидни површини, кај кои е потребно да се постигне античкиот изглед. Може да се нијансира на МAXIМIX системот по тон картата на МAXIDECOR Antica.

1 l, З l
Потрошувачка: 7-8 m²/L, во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата, техниката и начинот на нанесување.

SHARE