AQUAMAX® Wood&Metal Paint Универзален емајл за дрво и метал

AQUAMAX Wood & Metal Paint е еколошки, високо квалитетен универзален емајл за дрво и метал, на база на водена дисперзија на акрилатот. Се одликува со исклучителна белина, со постојаност (не жолти), има одлична покривна моќ, отпорен е на атмосферските влијанија и на УВ зрачења. Наменет е за заштита и декорација на надворешни и внатрешни дрвени површини и метални површини во ентериерите. Практично е без мирис. Се произведува во бела боја во висок сјај, полусјај и мат. Може да се нијансира на MAXIMIX системот.

0.65 l, З l, 10 l
Потрошувачка: ≈ 11 m²/0.65 l за еднослоен премаз, во зависност од квалитетот на подготвената површина и начинот на нанесување.

SHARE