ADINGMARKER Р Декоративен и заштитен премаз за подови

Премаз произведен врз база на синтетички смоли и растворувачи. Се применува за обележување патишта и патна сигнализација и како декоративна заштитна подна и ѕидна завршна обработка на бетонски, малтерисани и асфалтни површини изложени на надворешни влијанија. Премазот ја задоволува бараната еластичност и UV стабилноста за овој тип премази. АДИНГМАРКЕР П се применува како дел од систем за обработка на пешачки патеки на мостови во комбинација со епоксиден прајмер за влажна подлога АДИНГПОКС 1ПВ.

4 kg, 20 kg
Потрошувачка: за два слоја 0,5-0,6 kg/m²

SHARE