Irkom 3 во 1 боја за метал
ИРКОМ 3во1 е брзосушива темелно – завршна боја за метални површини. Во себе содржи антикорозивно средство, основна и завршна боја. Ирком 3во1 бојата е со премиум квалитет, создадена од единствена комбинација на најдобрите карактеристики на уљените (исклучителна еластичност, постојаност на нијансите) и нитро премази (брзо сушење).
Главни предности:
- Се нанесува директно на цинк и корозија
- Исклучителна покривна моќ и одлично разлевање,
- Висока цврстина на завршиот филм
- Еластичен премаз кој не пука
- Висока отпорност на механички и атмосферски влијанија.
- Создава водоодбивен филм и во себе содржи УВ блокатори кои овозможуваат долготрајност на нијансата.
- 20 различни нијанси
- Го штити металот од 5 – 15 години
Оргиналната рецептура Ирком 3во1 работата ја завршува во само 1 ден, со што го крати потребното време за боење. Покрај тоа заштедува и на материјал како и на пратечки алат за боење, доволен е само 1 ваљак / 1 четка или друг алат.
Заменува антирост, основна и завршна боја
Заштедува: Работа, време и пари.
Ирком 3во1 наоѓа примена при:
- Боење на нов метал, кородиран метал како и врз стари премази. Може да се нанесува директно без прајмер на сите поцинкувани лимови и алиминиум (неопходно е пред боење да поминат најмалку 15 дена од поцинкувањето на металот, металот благо да се избруси и добро да се одмасти.)
- Боење на метални огради, тераси, метални галантерии, симсови, олуци, радијатори.
- Боење на сите останати грејни тела (отпорен е на температури од над 100C)
- Боењето и одржување на земјоделски машини.
- И покрај специјалноста за нанесување на метал, може да се нанесува и на дрвени површини (создава ефект на пластифицираност) како и на пластика (со претходно матирање на пластиката)
Поради големата количина на блокатори на корозија, создава квалитетна заштита од корозија од 5 до 15 години (со нанесување на вкупна дебелина на сувиот филм од 120 микрони).
АПЛИКАЦИЈА:
На нов метал
Потребно е отстранување на сите маснотии од металот. Потоа бојата се нанесува во две раце, од кои првиот слој треба да е по тенок додека вториот по дебел. Вкупната дебелина на сувиот филм на премазот треба да е минимум 120 микрони што е доволно за создавање на квалитетен филм кој ќе спречи продирање на корозија. Вториот слој се нанесува мокро на мокро или најкасно до 4 часа од нанесување на првиот слој (со што се заштедува на време). Ирком 3во1 премазот е сув на допир за 30-60 минути, а потполно е сув за 72 часа.
На кородиран метал
Потребно е отстранување на грубите и слабо носиви елементи на корозија, добро чистење и одмастување на металот и потоа директно на корозија да се нанесе премазот во 2 раце (исто како при нанесување на нов метал)
РАЗРЕДУВАЊЕ:
Се разредува исклучиво со Р1 разредувач, кој е формулиран специјално за овој производ кој во себе содржи над 20 различни компоненти, за чие разредување е потребен специјален разредувач. Со користење на обични нитро разредувачи не се добиваат посакуваните резултати.
- За нанесување со четка – 5 до 10%
- За нанесување со ваљак (се препорачува користење на ваљак од нитро отпорен материјал) – 5 до 10 %
- За нанесување со пиштол – 10 до 20%, дизна 1,6-1,8мм, притисок на излез од пиштол 3,2 бара, а на компресор 3,8 бара.
Во една рака, Ирком 3во1 премазот покрива 8м2